13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Србија најави мерки ако Хрватска го стави ликот на Тесла на евромонетите

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера откри кои мотиви ќе ги има на хрватските евромонети.

„Шаховницата ќе биде позадина, а потоа мапата на Хрватска на две евра, куната на едно евро, Тесла на 50, 20 и 10 центи, односно глаголица на која ќе биде напишано ХР на 5, 2 и 1 цент“, откри Пленковиќ.

Тој вели дека идејата за Тесла на монетите дошла како предлог на граѓаните.

„Сите овие се важни симболи за нас. Тесла дојде како предлог на граѓаните, тој влезе во првите пет и го истурка Дубровник, што е исто така важен“, објасни хрватскиот премиер.

Доколку Хрватска ја реализира најавата за поставување на ликот на Никола Тесла како еден од симболите на хрватските монети, Србија сигурно ќе преземе соодветни мерки, соопшти денеска Народната банка на Србија.

„Народната банка на Србија смета дека евентуалното поставување на ликот на Никола Тесла на хрватските евромонети, доколку Хрватска стане членка на еврозоната во наредниот период, би претставувало присвојување на културното и научното наследство на српскиот народ, со оглед на тоа што е неспорно дека славниот научник во текот на својот живот се изјаснувал како Србин по потекло и род. Во тој поглед сосема е сигурно дека ќе бидат преземени соодветни активности кон релевантните институции на ЕУ со цел да се укаже на несоодветноста на ваквиот предлог”, изјавиле од банката за српски „Телеграф“.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Почна државниот погреб на Шинзо Абе, строги безбедносни мерки во Токио

M T

Брнабиќ: Поголеми притисоци врз Вучиќ и Србија немало никогаш

M T

АФПЗРР : Реализирана исплата на директни плаќања по повеќе мерки

M T

Жена и две мали деца загинаа во железничка несреќа во Хрватска

M T

ЕК објави предлози за мерки за енергетската криза

M T

Рама: Не треба да се врши притисок врз Србија

M T