5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Нема да пишуваш повеќе“-Турски новинар, критичар на Ердоган, нападнат во Берлин

Турски новинар, кој е отворен критичар на претседателот Реџеп Таип Ердоган и живее во егзил во Германија, бил повреден откако бил нападнат пред неговата куќа од тројца мажи кои наводно го предупредиле да престане да пишува, пренесуваат светските гласила.

Ерк Аџарер, колумнист за турскиот весник „Биргун“, во видео објавено на Твитер вели дека нападот се случил доцна вчеравечер во дворот на неговиот дом надвор од Берлин, пренесуваат агенциите.

Тој претрпел оток на главата и бил задржан во болница неколку часа на опсервација.

Берлинската полиција го потврди нападот, наведувајќи дека Аџарер бил нападнат од неколку лица во областа Рудов.

На видео на Твитер, Аџарер вели дека еден од напаѓачите го предупредил на турски: „Повеќе нема да пишуваш“.

Претходно, новинарот објави своја фотографија, пишувајќи дека бил нападнат со „тупаници и ножеви“.

„Ги познавам напаѓачите. Никогаш нема да му се покорам на фашизмот“, напиша Аџарер, пренесуват медиумите.

Според нивните анализи, пет новинари се осудени за кршење на законите на турските разузнавачки служби и откривање на доверливи информации, а постапката против Аџарер продолжува.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Путин му вети на Ердоган: Турција нема причина да се грижи

M T

Ердоган: Житариците од Украина одат во богатите, а не во сиромашните земји

M T

Вучиќ го пречека Ердоган: Воени почести, национална химна и црвен тепих

M T

Ердоган: Европските санкции кон Русија се виновни за енергетската криза во ЕУ

M T

Новинар од САД убиен пред неговата куќа

M T

Телото на уште еден убиен новинар е пронајдено во Мексико

M T