13.8 C
Скопје
15. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Камион влета во толпа во Киргистан: 29 студенти се повредени

Најмалку 29 студенти се повредени кога камион влетал во толпа луѓе за време на демонстрации во Киргистан, јавува Анадолија.

За време на настанот „Национален еп Манас“, кој се одржа на отворен простор во квартот Сузак, паркиран камион од непозната причина се спушти надолу и се заби во толпа луѓе.

Министерството за здравство на Киргистан соопшти дека се повредени 29 деца на возраст од девет до 16 години, а тројца од повредените се во тешка состојба.

По несреќата возачот на камионот е приведен.

Во изјавата за полицијата, возачот рекол дека донел сладолед на демонстрациите на кои присуствувале стотици луѓе и дека неговото возило се движело од, како што рече, непозната причина.