20.8 C
Скопје
5. август 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Коронавирус Свет ТОП ВЕСТИ

Руски експерт: Делта-варијантата со пониска смртност од другите мутации на Ковид-19

фото Pixabay / илустрација

Делта-варијантата на Ковид-19 се покажува како помалку смртоносна од другите мутации на вирусот, вели Александар Горелов, заменик-директор на Централниот истражувачки епидемиолошки институт и дописен член на Руската академија на науките.

„Не е во ред да се зборува за зголемен број жртви зашто сегашната состојба е кардинално поинаква од пролетта 2020 година кога баравме во темница. Сега и кај најсериозните случаи смртноста е јасно пониска ако ја споредиме со тој период“, рече Горелов во интервју за руски телевизиски канал.

Тој исто така истакна дека заразувањето со коронавирусот „се подмладило“, па повеќето од пациентите се на возраст од 14 до 29 години.

Според најновите статистички податоци, заразени од коронавирус се околу 191 милион луѓе, а пријавени се повеќе од 4 милиони смртни случаи.

Во Русија до денес се потврдени 6.006.536 случаи на заразени со 5.382.213 пациенти, кои закрепнале од болеста. Најновите податоци покажуваат 149.922 смртни случаи на национално ниво.