13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНАИЗБОР

Брза супа од морков и ѓумбир! Вистинско зачинето изненадување за сите!

Оваа супа се подготвува брзо, што е идеално за летните месеци кога стоењето долго покрај шпоретот е позаморно и потешко од вообичаеното. Ѓумбирот, морковот и сокот од лимон гарантираат незаборавно искуство.

Состојки:

500 гр моркови
1,5 см корен од ѓумбир
сок од половина лимон
2 лажички ладно цедено маслиново масло
лисја од јаглика
сол, бибер
лута мелена пиперка по вкус
1 литар вода

Подготовка:

Ситно изрендајте ги морковите и ѓумбирот. Изренданиот морков кратко пропржете го во малку масло. Додадетеја топлата вода и изренданиот ѓумбир и варете околу три минути. Измиксајте ја супата во блендер. Додадете сол и бибер кон крајот, како и лисјата од јаглика и сокта од лимон во готовата супа.

Спонзорирано: