17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Англија ги укинува речиси сите ковид мерки, за Англичаните ова е „Ден на слободата“

Скоро сите ограничувања поврзани со пандемијата од коронавирусот беа укинати денес во Англија на денот наречен „Ден на слободата“, и покрај зголемувањето на бројот на нови случаи, што ја загрижува научната заедница и некои политичари.

Од полноќ во Англија салите и стадионите можат да се отворат со полн капацитет, дискотеките можат повторно да се отворат, повторно може да се оди во баровите и пабовите и веќе нема ограничување за бројот на луѓе што можат да се соберат на едно место. Ова е ново поглавје во борбата против пандемијата. Носењето маска повеќе не е задолжително, но се препорачува за јавен превоз и во продавници, пишуваат англиските медиуми.

Британскиот премиер Борис Џонсон го предупреди населението да биде внимателно.

„Ве молиме, бидете претпазливи и преминете на следната фаза на мерките за олеснување, со целосна претпазливост од ризиците што сè уште ги носи болеста“, беше порачано од Џонсон.

Без оглед на зголемениот број на нови случаи од коронавирус тој се надева на вакцината. Доколку вакцината докаже дека заштитува од потешки форми на болест и смрт и покрај зголемениот број на заразени, тоа може да биде важна информација за другите земји во смисла на враќање во нормален живот, пишуваат медиумите.

Велика Британија е на седмото место во светот според смртни случаи, но 87 проценти од британското возрасно население примило барем една доза од вакцината а повеќе од 68 проценти две дози. Бројот на починати во текот на денот, кој сега е околу 40 лица, е далеку од бројките од врвот на пандемијата во јануари, кога имаше 1.800 лица.

Целта на укинувањето на мерките е забрзување на економското закрепнување, но таа амбиција може да биде загрозена доколку се појават десетици илјади нови инфекции дневно, принудувајќи стотици илјади луѓе да се самоизолираат. Џонсон и секретарот за финансии Риши Сунак во моментов се во самоизолација затоа што биле во контакт со лице заразено со коронавирус.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Бремена новинарка од Нов Зеланд остана заглавена во Авганистан поради ковид мерките на нејзината земја

M T

Во Хрватска од денеска построги ковид-мерки

M T

Филипче: Не се потребни дополнителни ковид мерки, ситуацијата е прилично мирна

M T

Од септември нови Ковид-мерки во Грција

M T

Ковид-мерките за влез и излез од земјата на разгледување пред Владата

M T

Ковид мерките во Австралија предизвикуваат гнев кај населението, половина држава затворена

M T