3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американски воен хеликоптер удри во семафори и принудно слета на улица во Букурешт

Американски воен хеликоптер слета на улица во Букурешт, собори два семафора и направи хаос, пренесуваат регионалните медиуми.

Снимките од очевидците покажуваат дека хеликоптерот одеднаш изгубил висина и полетал ниско над автомобил пред да слета на блиската раскрсница што полицијата ја расчистила.

Хеликоптерот испратил сигнал дека има технички проблеми, соопшти сообраќајната полиција.

Романија, која е членка на НАТО од 2004 година, е домаќин на командниот центар на алијансата и американска станица за балистички ракети.

Американската амбасада соопшти дека соработува со романските партнери во решавањето на ситуацијата и ќе објави повеќе информации подоцна.

Претставници на военото обвинителство се на самото место, а сообраќајот ќе биде обновен по отстранувањето на хеликоптерот.

Воениот хеликоптер „Црн јастреб“ учествувал на вежбата по повод романскиот ден на авијацијата, што ќе се одржи на 20 јули, пренесуваат агенциите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Американски воен хеликоптер се урна на Хаваи – Нема преживеани

M T