17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
СВЕТИЗБОР

На Исланд со години тестирaa четиридневна работна недела, добиените резултати се одлични

На Исланд, од 2015 до 2019 година, бea спроведени тестирања за четиридневна работна недела, односно работниците земале иста плата за помал број работни часови.

Сега резултатите се објавени и покажуваат дека експериментот бил исклучително успешен, со многу работници со желба за скратено работно време, пишува Би-би-си.

Продуктивноста во текот на експериментот останала иста или се зголемила за повеќето работни позиции, велат истражувачите.

Слични тестови сега се спроведуваат низ целиот свет, вклучувајќи ги Шпанија и Нов Зеланд.

На Исланд, повеќе од 2.500 работници учествувале во експериментот за четиридневна работна недела, што претставува околу 1% од работоспособната популација во земјата. Сè се одвивало под покровителство на Градскиот совет на Рејкјавик и националната влада.

Многу работници се префрлиле од 40-часовна работна недела на 35 или 36-часовна, велат истражувачите од британскиот тинк-тенк „Аутономи“ и Здружението за одржлива демократија (Алда) на Исланд.

Засега, 86% од работната сила во Исланд или се префрлиле на скратено работно време за иста плата или ќе се стекнат со право на тоа, велат истражувачите.

Работниците посочиле дека се под помал стрес, а исто така тврдат дека се чувствуваат поздраво, како и дека имаат подобар баланс меѓу деловниот и приватниот живот.

„Оваа студија покажува дека најголемиот светски експеримент за скратено работно време во јавниот сектор е неверојатно успешен по сите параметри“, рече Вил Стронге, директор за истражување во „Аутономи“.

„Тоа покажува дека јавниот сектор е зрел да биде пионер на скратено работно време и ова може да биде лекција од која другите влади можат да научат нешто“, додава Стронге.

„Експериментот не само што покажува дека во модерната ера е можно помалку да се работи, туку и дека се можни прогресивни промени“, вели Гудмундур Д. Харалдсон, истражувач на „Алда“.

Спонзорирано: