Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМА

Времето се менува: Деновиве температури од 40 степени, од петок освежување

Денес и во четврток времето ќе биде сончево и многу топло со пораст на дневната температура.

Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 08.07.2021
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 33°C до 40°C
Сончево и многу топло, ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ=9

Прогноза за 09.07.2021
Минимална температура: 13°C до 23°C
Максимална температура: 31°C до 38°C
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. УВ=8

Прогноза за 10.07.2021
Минимална температура: 14°C до 23°C
Максимална температура: 30°C до 36°C
Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8

Можеби ќе ве интересира

Благ раст на довербата во институциите и задоволството од работата на Собранието

ДЕСК

Јанчев: Дали планирате да воведете институција „родител-негувател“ за децата со попреченост?

ДЕСК

Битиќи: 11 милијарди евра нов долг, ја туркате државата во провалија со задолжувањето

ДЕСК