14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

„Дупер“ ја освежуваат македонската музичка сцена со првиот албум “Хипер”

На музичката сцена се појавија како освежување, донесоа нова енергија и свежина, а од денеска го носат и првиот албум насловен „ХИПЕР“.

„Не сум твој тип“ е нивната прва песна со која успеаја да ја пренесат нивната позитивност, а кога почна да се врти по радиостаниците и телевизиите, публиката реагираше со пофалби и коментари дека станува збор за поп-група која е поразлична од останатите.

Следуваа „Тело за на ТВ“, „Ние сме 2“, „Пробај да ми бидеш“, „Патник“, „Пак и пак“, „Единствен начин“… па сѐ до „Сменета“, соработката со Матеј Фолц.

Ова лето ќе може да уживате во уште неколку хитови на овие млади момци кои продолжуваат со многу нова музика, вежбање и концерти!

Во 18 часот на нивниот YouTube канал очекувајте ги новите песни во нивниот препознатлив ДУПЕР стил.