24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Инцидент во Загреб: Со секира го испокршил „аудито“ на шефот бидејќи не му давал плата

Неименуван маж со секира демолирал паркиран автомобил „ауди“ во вторникот попладне во Загреб кај населбата Чрномерец.

„Човекот дојде до автомобилот, носејќи секира преку рамото. Одеднаш, тој само почна да замавнува и да го треска возилото, ги искрши сите стакла и добро ја оштети каросеријата… Очигледо сакаше целосно да го разбие возилото! Кога заврши со кршењето, седна на тревата покрај автомобилот, повика полиција и чекаше трпеливо“, изјавил очевидец на овој необичен настан.

Тој објасни дека човекот не пружал отпор при апсењето, пишува „24 сата“.

„Полицијата дојде и го собра, тој воопшто не пружаше отпор. Кога дојде сопственикот на автомобилот, беше непријатно изненаден од целата ситуација, гледаше во автомобилот и не можеше да престане да се чуди“, рекол очевидецот за хрватските медиуми.

РТЛ објави дека станува збор за момче кое шефот не го плаќал со месеци, па решил да го демолира автомобилот на газдата.

Според информациите од загрепската полиција, сослушан е човекот кој го искршил „аудито“, а сè уште се утврдуваат сите околности за настанот.