14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Филипче: Многу важно е граѓаните да се вакцинираат

Со појавата на индискиот сој во нашата држава надлежните повикуваат на што помасовна вакцинација на граѓаните. Пораките кои и министерот за здравство д-р Венко Филипче и професорот Александар Димовски денеска ги упатија до граѓаните се со цел укажување на битната улога на секој граѓанин да се вклучи во процесот на вакцинирање. Суштината на процесот на имунизација е заштита од идна појава и проширување не само на индискиот сој на вирусот, туку и на друга можна модификација. Само со поголема застапеност на вакцинирано население, може да се спречи масовно проширување на било која нова варијанта на коронавирусот.

-Ова е ситуација којашто ни покажува и ни докажува колку е битно граѓаните да се вакцинираат поради тоа што вакцината штити од тешка болест и од смрт. Било која од вакцините коишто ги имаме во нашата земја и тоа е суштината. Поради тоа што еве гледаме што се случува во Англија и покрај тоа што имаат нов бран предизвикан од индискиот сој, има целосно попуштање на мерките. Тоа е поради тоа што ние во иднина не знаеме дали ќе има нова и нова мутација на вирусот којашто ќе предизвикува нови и нови бранови, што значи дека оваа болест е една од оние непредвидени сценарија. Епидемија може да трае и повеќе години, некои предвидувања беа дека и дури и до 2024 година, дека ќе премине можеби и во ендемска форма, ама тоа не значи дека ние треба да живееме затворени. Тоа значи дека сите, што поголем број на граѓани треба и мора да се вакцинираат. Така ќе се заштитат себеси, така и да е присутен вирусот и да дојде некоја нова мутација, ако се заразат ќе имаат лесна форма на болеста, веројатно форма на некаква настинка. – изјави Филипче.

Спонзорирано: