13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сè уште не се знае дали ќе биде потребна и трета доза на вакцина, изјави Филипче

Сè уште нема јасен став околу употребата на трета доза на вакцината против коронавирус, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што посочи, никој не може со сигурност засега да каже каква ќе биде иднината во однос на вакцинацијата.

„Дали овие две дози ќе бидат доволни или можеби ќе треба и трета, не може со сигурност да се каже. Се поставува и прашањето дали третата доза би била од истиот производител или различен или, пак, некое трето сценарио, па оваа вакцина да прерасне во форма на сезонска вакцина“, рече Филипче.

Спонзорирано: