12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Делта-видот и официјално потврден кај двајца српски државјани

Српското Министерство за здравство објави дека делта-варијантата на коронавирусот е откриена во Србија кај двајца граѓани на оваа земја.

Според министерството, станува збор за лица кои неодамна се вратиле од странство.

Сe работи за двајца помлади пациенти. Во моментот се во стабилна општа состојба и не се вакцинирани.

Секвенционирањето било извршено во Специјалистичкиот ветеринарен институт во Кралeво.

За потсетување, вирологот Миланко Шеклер неодамна изјави дека делта-видот веројатно веќе е во Србија и дека тој циркулира низ населението, само сè уште не е „фатен“ во лабораторија.