Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

На ВМРО-ДПМНЕ и Левица им е гајле за црната листа на САД, остануваат против Преспанскиот договор

ВМРО-ДПМНЕ и Левица остануваат против Преспанскиот договор и покрај извршната наредба на американскиот претседател Џо Бајден, со која им се заканува забранува за влез и конфискување имот на сите противници на Договорот со Грција. Од двете партии експресно му свртеа грб на стратешкиот партнер на земјава, преку изјавите на функционерот на најголемата опозициска партија, Антонијо Милошоски и претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев.

-ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во преговарањата, креирањето, неговото носење во Собранието и негова имплементација, истиот е асиметричен и спротивен на македонските национални интереси, изјавил Милошоски за „Слободен печат“.

Уште потврд во ставовите е Апасиев, според кого извршната наредба на американскиот претседател Џо Бајден е „дел од империјалистичката надворешна политика на САД која оперира со притисок, санкции, закани и воени интервенции, односно една насилничка политика“.

И досега беше познато, барем според изјавите во јавноста, дека македонската опозиција нема да го почитува Преспанскиот договор, кој доведе до промена на уставното име и откочување на евроатлантските интеграции, а ваквите ставови неколкупати ги споделуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Американската администрација засега не ги наведе имињата, но започна лицитацијата за кои лица станува збор. Според најновиот декрет што го потпиша американскиот претседател Џо Бајден на листата ќе се најдат сите поединци кои работат против клучните договори од Западен Балкан, бидејќи во спротивно би го дестабилизирале регионот.

„Ситуацијата на територијата на поранешна Југославија во последните две децении беше комплексна и вклучува поткопување на повоени конфликти, како и раширена корупција во многу институции во оваа област. Оваа наредба претставува закана за националната безбедност и надворешната политика на регионот“, нагласи Бајден.

За одговорни се сметаат оние што ги прекршиле договорите за регионална безбедност и мир, како Договорот од Преспа, Охридскиот рамковен договор, Резолуцијата 1244 и Дејтонскиот договор.

Спонзорирано: