13.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Филипче: Можен е нов бран на корона вирусот

Предвидувањата велат дека на есен може да имаме нов бран на корона вирусот, вели Министерот за здравство Венко Филипче во интервју за Нова. Според него, интензитетот на тој бран ќе зависи од опфатот на вакцинацијата. Колку повеќе вакцинирани имаме, толку бранот ќе биде послаб, прогнозира Филиче.

„ Предвидувањата велат дека е можно наесен да имаме нов пик, но истиот во зависност од степенот на постигнат имунитет да биде далеку послаб од претходните три брана. Затоа, наш фокус е во следните месеци да вакцинираме што поголем број граѓани и затоа ќе ја искористам оваа прилика уште еднаш да повикам сите масовно да се пријавуваат за вакцинирање бидејќи други излез и спас од оваа криза не постои – вели Филипче за Нова