14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Италија сака да ги ослободи туристите од ЕУ од задолжителниот карантин

Министерот за надворешни работи на Италија, Луиџи Ди Мајо сака месецов да овозможи патување во земјата без задолжителен карантин за туристите. Ова е дел од заложбата да се поттикне туризмот во оваа земја кој трпи голема штета за време на пандемијата.

Патувањето во Италија би требало да биде потполно олеснето за оние кои се вакцинирани против Ковид-19.

Ди Мајо рекол дека во соработка со министерот за здравство разговараат за можноста да нема повеќе карантин за граѓаните на Европска унија и патниците од Израел кои имаат негативен тест на вирусот, оние кои се вакцинирани и тие кои ја прележале болеста.

Патниците кои доаѓаат во Италија, во моментов мораат да се тестираат непосредно пред патувањето, да поминат петдневен карантин и потоа повтрно да се тестираат.

Спонзорирано: