17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Вучиќ: Вакцинираните ќе добијат парична помош како награда

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е донесена одлука за обезбедување дополнителна парична помош за оние кои се вакцинирани против коронавирус.

Тој изјави дека помошта ќе изнесува 3.000 динари односно 25 евра.

Како што посочува, сите над 16 години кои ќе бидат вакцинирани со една или две дози до 31 мај, ќе добијат дополнителни 3.000 динари, објави „Б92“.

„Бидејќи не можеме да донесеме негативни дискриминаторски мерки за оние кои нема да примат вакцина, размислувавме како да ги наградиме вакцинираните“, изјави тој за „ТВ Пинк“.

Целта, како што рече, е да се наградат оние што покажале одговорност, како и да ги поттикнат другите да се вакцинираат.

Спонзорирано: