11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУСТЕМАИЗБОР

Револуционерно – Австриски научници: Не е лек, но може да ја намали заразата до 100 проценти

Австриски научници од лабораторијата на Медицинскиот факултет во Инсбрук тврдат дека успешно го тестирале најновиот убиец на коронавирусот, кој е многу лесен за употреба, а кој набргу може да се најде на пазарот.

Станува збор за спреј на компанијата „Окупур“, која, како што беше истакнато, покажа ефикасност до 100 проценти, но не како лек против Ковид-19, туку како превентивен препарат за уста за да спречи влегување на вирусот во телото и предизвикување болести.

„Ако спрејот се остави да дејствува до една минута, може да се забележи висок степен на намалување на заразата со коронавирус. Забележавме до 100 проценти“, изјави Вилфрид Пош од Институтот за хигиена и медицинска микробиологија во Инсбрук и откри дека биле тестирани неколку спрејови, кои биле испрскани директно на вирусот, а со кои потоа се нападнати човечките клетки за да се провери дали доаѓа до зараза.

Според сите резултати, спрејот „Окупур“ спречувал инфекција во повеќето случаи.

„Ова значи дека спрејот може да се искористи за да се создаде заштитен слој против зараза со коронавирус, така што може да ги заштити луѓето во ситуации кога толпите не може да се избегнат, како што е јавниот превоз“, пренесуваат австриските медиуми.

Спонзорирано: