20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Фаучи: Вакцината на „Астразенека“ е добра ако се решат сомневањата

Главниот епидемиолог на САД, Ентони Фаучи, изјави дека вакцината против Ковид-19 на „Астразенека“ има добра ефикасност, но дека треба да се решат сомнежите за нејзината безбедност.

„Мислам дека вакцината на ‘Астразенека’ е добра вакцина во однос на ефикасноста, и ако се решат проблемите со безбедноста во Европската Унија, ефективноста на вакцината е навистина добра“, изјави Фаучи за радио Би-би-си.

Европските регулатори ја тестираат вакцината на „Астразенека“ за појава на ретки појави на згрутчување на крвта. Сè уште не е одобрена во САД.

Европските регулатори идентификуваа можна врска помеѓу вакцините и тромбите, но нагласуваат дека придобивките од вакцините ги надминуваат ризиците.

Повеќе од дванаесет земји ја прекинаа употребата на вакцината, но потоа продолжија да ја користат, а некои воведоа минимална граница на возраста, вклучително и Франција, Холандија и Германија.

Официјални лица во Велика Британија ги советуваа луѓето на возраст под 30 години да добијат друга вакцина.

Вакцината на „Астразенека“ е далеку најевтина досега и не бара посебни услови за чување на екстремно ниски температури како некои други вакцини, па затоа е главната вакцина во многу кампањи за вакцинација.

Спонзорирано: