19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Британски сој на коронавирус – И, не е толку опасен?

Многу заразната варијанта на ковид 19, најпрво идентификувана во Велика Британија, не предизвикува сериозни заболувања кај хоспитализирани пациенти, покажува новото истражување објавено во медицинското списание „Лансет“.

Видот познат како Б.1.1.7 е откриен во Велика Британија кон крајот на минатата година и стана најчест во САД, според американскиот Центар за контрола и превенција на болести.

Студија објавена во понеделникот анализира група од 496 пациенти примени во британските болници во декември минатата година и ги спореди резултатите кај пациентите заразени со вирус Б.1.1.7 или други варијанти.

Истражувачите откриле дека нема разлика во ризикот од тешка болест, смрт или други клинички резултати кај пациенти заразени со вирус Б.1.1.7 или други варијанти.

Нашите податоци, со сите постојни ограничувања затоа што се работи за реална студија, даваат првични уверувања дека тежината на болеста кај хоспитализирани пациенти заразени со вирус Б.1.1.7 не е значително различна од тежината на болеста кај оние кои не се заразени со тоа, велат научниците.

Во посебна студија објавена во медицинското списание за јавно здравје, Лансет утврдува дека вакцината најверојатно ќе биде ефективна против британската варијанта, имајќи предвид дека нема очигледно зголемување на стапката на повторна инфекција во споредба со другите варијанти.

Според британските научници, британската варијанта е околу 40-70 проценти позаразна од доминантните варијанти.

Студијата исто така ги потврдува претходните откритија дека варијантата Б.1.1.7 е позаразна.

Спонзорирано: