25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ќе се ограничат цените за лекување пациенти од коронавирус во приватните болници

До Владата ќе биде поднесе предлог за измена на законот со кој ќе се ограничи сумата за лекување пациенти од коронавирус во приватните болници, најави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој кажа дека до Владата ќе биде поднесен предлог за измена на Законот за здравствената заштита, со кој се предвидува ограничување на висината на наплата на финансиски средства за пациенти што се лекуваат од коронавирус.

Ваквата одлука била донесена денеска на состанокот на Кризниот штаб.

„Денеска, на Кризниот штаб се дискутираа повеќе работи. Се донесе одлука да се направи измена во Законот за здравствената заштита, со што на приватните болници ќе им се направи ограничување на висината на наплата на финансиските средства за времетраење на кризата, поточно за лекување од коронавирусот. Го слушнавме апелот на граѓаните и веќе утре до Владата ќе го поднесеме предлогот“, рече Филипче.