17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Вакцинираниот папа Франциско во близок контакт со верниците по мисата во Италија

Папата Франциско се ракуваше со многу верници за време на мисата во Рим во неделата и им дозволи да ги бакнуваат неговите раце и покрај пандемијата што не опаѓа во Италија.

Осумдесет и четиригодишниот папа, кој е вакциниран против коронавирусот, не носеше заштитна маска и се смееше кога верниците му се приближуваа по мисата во неделата.

Според новинската агенција АНСА, околу 80 лица дошле на миса во црквата „Санто Спирито“ во Сасија, недалеку од Ватикан. Меѓу нив имало осуденици, мигранти, хуманитарни работници, лекари и чесни сестри.

За време на црковната служба луѓето носеле маски и се држеле на растојание, сепак многумина подоцна му пришле на папата, кој ужива да биде блиску до луѓето за да го допрат.

Поради пандемијата, строгите ограничувања на контактите сè уште се во сила во Италија.