3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Вакцината на „Фајзер“ помалку ефикасна кај јужноафриканскиот сој, покажува израелска студија

Јужноафриканскиот сој на коронавирус може да ја избегне заштитата обезбедена од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ до одреден степен, открива нова израелска студија.

Во студијата, објавена во саботата, учествувале речиси 400 луѓе што биле позитивни на Ковид-19, и тоа 14 дена или повеќе по примањето една или две дози од вакцината наспроти ист број невакцинирани пациенти со оваа болест. Меѓу другите карактеристики, кај учесниците се совпаѓале возраста и полот.

Утврдено е дека јужноафриканскиот сој, Б.1.351, сочинува околу 1 % од сите случаи на Ковид-19 кај сите учесници, според студијата на Универзитетот во Тел Авив и најголемиот доставувач на здравствени услуги во Израел, „Клалит“. Но, кај пациентите што примиле две дози од вакцината стапката на преваленца на сојот била осум пати поголема од невакцинираните – 5,4 наспроти 0,7 %.

Ова сугерира дека вакцината е помалку ефикасна во однос на јужноафриканскиот сој во споредба со оригиналниот коронавирус и сојот првпат идентификуван во Велика Британија, што ги опфаќа речиси сите случаи на Ковид-19 во Израел, велат истражувачите.

Истражувачите предупредуваат дека студијата има само мал примерок на луѓе заразени со јужноафриканскиот сој поради нејзината реткост во Израел.

Тие исто така велат дека истражувањето нема цел да ја заклучи целокупната ефикасност на вакцините против кој бил сој бидејќи во нив се гледаат само луѓе што веќе биле позитивни на Ковид-19, а не според вкупната стапки на инфекции.

„Фајзер“ одби да ја коментира израелската студија.

Спонзорирано: