14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Со по 2.000 евра казнети седуммина скопјани кои го прекршиле полицискиот час

Скопското основно јавно обвинителство поднесе предлози за казни за седум лица кои во периодот од 1 до 6 април биле затекнати дека го прекршуваат полицискиот час, движејќи се на различни локации низ градот, додека на сила била забраната за движење.

Тие се товарат за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, бидејќи постапиле спротивно на прописите за забрана за движење во периодот од 22 до 5 часот, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.

Јавниот обвинител предложил до судот за сите обвинети да се определи парична казни од по 2.000 евра во денерска противвредност (100 дневни глоби со вредност на една дневна глоба од 20 евра).​

Спонзорирано: