12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Амбасада на САД- не коментираме активни истраги, соработуваме со МВР

Случајот македонски пасоши за регионални криминалци со денови ја бранува јавноста. Од амбасадата на САД во Скопје велат дека тие работат одблиску со МВР и со други владини министерства и институции за спроведување на законите и владеење на правото.

„Додека ние не коментираме за активни истраги, американската амбасада работи одблиску со Министерството за внатрешни работи, како и со други владини министерства и институции во Северна Македонија за да се постигнат заедничките цели за спроведување на законите и владеење на правото вклучително и соработката во регионалното спроведување на законите и борбата против тероризмот“.

Ова е одговорот од амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје на прашањето на Радио Слободна Европа поврзано со изјавата на македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски дека заедно со Интерпол и Регионалната канцеларија за безбедност и истраги при амбасадата на САД од 2019 година ја спроведувале истрагата за откривање на мрежата вработени во МВР која издавала македонски пасоши на познати криминалци.

Во одговорот од американската амбасада додаваат дека тие имаат блиска соработка и со министерството за правда и други институции.

„Во блиска соработка со министрите за внатрешни работи и правда, американската амбасада овозможува техничка поддршка, форензика, обука и опрема за подобрување на капацитетите за спроведување на законите и за институциите од областа на правдата. Овие активности придонесуваат за национална и регионална безбедност со зајакнување на граничната безбедност, транспартноста и можноста да се истражува и гони корупцијата, тероризизмот и случаите на организиран криминал“, велат од амбасадата.

Спонзорирано: