17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАИЗБОР

Официјален претставник на ЕМА ја потврди врската помеѓу вакцината на „Астразенека“ и појавата на тромб

Официјалниот претставник на Европската агенција за лекови (ЕМА) Марко Кавалери го потврди постоењето на врска помеѓу „Астразенека“ и случаите на тромбоза по приемот на таа вакцина против коронавирусот.

„Сега можеме да го кажеме тоа, јасно е дека постои поврзаност со вакцината. Што ја предизвикува оваа реакција, сепак, сè уште не знаеме … Да резимираме, во следните неколку часа ќе кажеме дека има врска, но сепак мора да разбереме како се случува тоа“, изјави Кавалери за италијанскиот дневен весник „Месаџеро“.

Тој објаснува дека тие се обидуваат да добијат прецизна слика за тоа што се случува, за прецизно да го дефинираат тој синдром заради вакцината.

„Меѓу вакцинираните лица има повеќе случаи на церебрална тромбоза кај младите отколку што би очекувале. Ќе мора да го кажеме тоа”, додаде официјалното лице.

Во последниве недели имаше сомневања за можни сериозни несакани ефекти, но ретки, откако се појавија случаи на атипична тромбоза кај лица вакцинирани со „астразенека“.

ЕМА досега тврдеше дека не е докажана врска со вакцината иако е можна и дека придобивките од вакцинацијата против коронавирус ги надминуваат ризиците.

Повеќе земји престанаа да вакцинираат со „астразенека“, додека производителот на вакцини во март рече дека нема докази за зголемен ризик.

Спонзорирано: