13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Откако почина една жена – Холандија ја прекина вакцинацијата со „Астра Зенека“ на лица помлади од 60 години

„Во Холандија, една жена почина откако беше вакцинирана со ‘астразенека’, таа имаше комбинација на белодробна емболија и мал број на тромбоцити“, објави денеска Центарот за несакани ефекти „Лареб“.

Властите во Холандија денес ја прекинаа вакцинацијата со вакцината на „Астразенека“ на лица помлади од 60 години, по смртта на една жена откако била вакцинирана со вакцината.Како резултат на таа одлука, околу 10.000 закажани термини за вакцинација ќе бидат откажани.

Досега во Холандија, откако биле вакцинирани со „астразенека“, вкупно пет жени на возраст од 25 до 65 години имале тромбоза и низок број на тромбоцити.

„Лареб“ наведува дека три жени, вклучувајќи ја и онаа која починала, имале пулмонална емболија, четвртата имала мозочно крвавење, а петтата имала тромбоза на абдоминалната вена.

Симптомите кај сите пет жени наликувале на тромбоцитопенија (ХИТ), односно прекумерна реакција на имунолошкиот систем при која телото произведува антитела против сопствените тромбоцити.

Според Центарот „Лареб“, пак, има пет случаи на дадени 400.000 дози вакцини. До тромбоза и низок број на тромбоцити дошло помеѓу 7 и 10 дена по вакцинацијата. Тромбозата е болест на васкуларниот систем при која доаѓа до згрутчување на крвта и формирање тромб. Белодробна емболија е формирање на тромб во белите дробови.

Спонзорирано: