14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Конгресот на САД под блокада – маж со возило удри во двајца полицајци

Зградата на Конгресот во Вашингтон е затворена поради можна безбедносна закана, пишува Ен-би-си њуз. Маж со автомобил удрил во ограда пред зградата и повредил двајца полицајци, пренесуваат американските медиуми.

Безбедносните служби испратија порака до вработените во Конгресот: „Поради можна безбедносна закана, не е дозволен влез и излез од зградите на Капитол. Може да се движите низ зградата, но да се држите подалеку од прозорците и вратите. Ако сте надвор, побарајте засолниште“.

„Гласот на Америка“ пишува дека Капитол хил е затворен поради дојави за можно пукање.

Владината агенција USCP објави на „Твитер“ дека се случил инцидент и дека возило удрило во двајца полицајци кои ја обезбедувале зградата на Конгресот. USCP наведува дека осомничениот е во притвор.

Извор од Конгресот за Си-ен-ен изјави дека напаѓачот со возило удрил во оградата на Капитол, а потоа излегол од автомобилот мавтајќи со нож. Полициски службеник пукал во напаѓачот.

Спонзорирано: