12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Стигнаа нови 20.000 вакцини Sputnik V, следуваат уште 20.000 – Србија со нова донација за Македонија

Како што претходно објави Centar.mk, стигнаа 20.000 вакцини од Sputnik V.

Ова предмалку го соопшти премиерот Зоран Заев, кој додаде дека оваа пратка на вакцини се донација на Србија.

По ова се очекува да пристигнат уште 20.000 вакцини од истиот тип за ревакцинација.

– Изразуваме голема благодарност до братскиот српски народ, порача премиерот Заев, кој му се заблагодари на претседателот Вучиќ и премиерката Брнбабиќ.

Ова е втора донација од Србија во вакцини за Македонија, претходно Србија беше донатор на 8.000 фајзерови вакцини.