12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Бразил пронајдена нова варијанта на коронавирусот

Нова варијанта на коронавирусот е пронајдена во Бразил, соопштија тамошните здравствени власти во средата.

Научниците откриле нова варијанта во градот Сорокаба во близина на Сао Паоло и вршат понатамошни истражувања.

„Новата варијанта е слична на онаа пронајдена во Јужна Африка“, соопшти на „Твитер“ бразилскиот биомедицински институт „Бутантан“.

Варијантата е откриена кај 34-годишна жена која имала полесни симптоми, пишува порталот Г1, а пренесува агенцијата ДПА.

Пациентката наводно рекла дека во брзо време не патувала низ Бразил или надвор од земјата.

Мутациите се вообичаена појава кај вирусите и се јавуваат кога се менува генетскиот состав во тек на репликација.

Некои промени им даваат предност на вирусите, бидејќи ги прават позаразни, пишува ДПА.

Досега се откриени повеќе варијанти на коронавирусот, а најголема загриженост предизвикаа оние пронајдени во Велика Британија, Јужна Африка и Бразил.

Бразил е меѓу најтешко погодените земји од пандемијата, а само САД имаат поголем број смртни случаи и инфекции.

Најголемата јужноамериканска држава секој ден руши рекорди по бројот на смртни случаи. Министерството за здравство во средата објави дека тој ден починале рекордни 3.869 лица, со што беше соборен рекордот од еден ден претходно.

Вкупно 321.000 луѓе починаа во Бразил, а од почетокот на пандемијата потврдени се 12,7 милиони случаи на инфекција.