12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев најави неколкустотини илјади вакцини кои ќе стигнат во април – ќе се нарачаат нови 500.000 кинески вакцини

20.000 од ЕУ од вкупно 100.000 се очекуваат во текот на овој месец најави премиерот Зоран Заев. 200.000 кинески вакцини во целост се очекува да стигнат овој месец.

Исто така овој период се очекуваат и дел од нарачата од руската вакцина Спутник.

Заев до мај очекува да пристигнат и остатокот на вакцините од ковакс системот, како и количини од големата нарачка од 800.000 вакцини на Фајзер.

Премиерот Зоран Заев денеска објави дека државава ќе нарача и 500.000 дози од втората кинеска вакцина Синовак.

Со ова рече Заев, се очекува бројот на вакцинирани граѓани да биде 1.3 милиони до крајот на вакцинацијата.