11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Hermann Kollinger/Pixabay
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Во Британија најдена нова мутација на коронавирусот која загрижува

Новата варијанта на британскиот сој на коронавирусот SARS-CoV-2, откриен во Бристол, на југозападот на Англија, спаѓа во категоријата „возменирувачки“ митации, се наведува во извештајот на Советодавна група за закани и нови респираторни вируси при британското министерството за здравство објавено во вторникот вечерта.

Во документот на кој се повикуваат британските медиуми, се забележува дека новиот сој се разликува од претходно идентификуваниот во грофовијата Кент на југоистокот на Англија со мутацијата означена како Е484К во „S-протеинот“ (шилестиот протеин) преку кој вирусот продира во здравите клетки, што исто така е забележано и кај бразилскиот и кај јужноафриканскиот сој на SARS-CoV-2.

Експертите од споменатата консултативна група на британската влада пријавиле и дека бил идентификуван уште еден сој во Ливерпул, во грофовијата Мерсисајд, на северозападот на Англија, кој бил класифициран како „варијанта за проучување“. Вкупно 76 случаи на заразите со варијантите на вирусот во Бристол и Ливепрул се откриени во целата земја, се наведува во документот. Во Службата за јавно здравје на Англија (PHE) соопшти дека постои „висок степен на убеденост во тоа дека вакцините за коронавирусот ќе пружаат заштита од овие варијанти“.

Лекарите додаваат дека во моментов постојат четири мутации на новиот сој на коронавирусот кои се вбројуваат во категоријата „вознемирувачки“. Покрај споменатите мутации во Кент и Бристол, тие ги вклучуваат и видовите кои биа откриени кон крајот на минатата година во Јужноафриканската Република и во Бразил.

Како што се истакнува во прилозите во медиумите, кои се повикуват на директорката за стратешко планирање на PHE, професорката Сјузан Хопкинс, со јужноафриканскиот сој на коронавирсуот до вторникот во Англија веќе биле заразени 170 лица, од кои во 18 случаи пациентите не ја напуштале земјата. Ден претходно беа пријавени 147 случаи на зараза со вирусот со јужноафриканско потекло, што е речиси за 50 отсто повеќе од пред една седмица.

Регионални соеви
Сојот на коронавирусот кој се појавил во Кент првпат бил идентификуван ланскиот септември, но вниманието на експерите првпат го привлекот дури во декември, кога станал доминантен во Англија. Според прелиминарните процени на експертите, тој може да биде и до 70 отсто позаразен од генетската варијанта на коронавирусот којашто претходно се среќаваше во земјата, а неговата смртност може да биде и до 30 отсто поголема, поради тоа што не ги развива вообичаените симптоми.

Од друга страна, темата на ширењето на јужноафриканскиот сој во Велика Британија стана главна во дискусиите откако англо-шведската фармацевтска компанија „AstraZeneca“ која разви вакцина против коронавирусот во соработка на Универзитот Оксфорд, на 6-ти февруари ги потврди информациите кои претходно протекоа во медиумите за помалата ефикасност во однос на доминатните соеви во Обединетото Кралство.

Истовремено компанијата верува дека нејзината вакцина ќе ниде ефикасна во спречувањето на тешките форми на болеста предизвикана од јужноафриканскиот сој.

Спонзорирано: