20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Заев најави вакцини на „Фајзер“ од следната недела

Македонскиот премиер Зоран Заев изрази надеж дека следната недела земјава ќе добие вакцини против Ковид-19 од „Фајзер“, а потоа и од другите производители на вакцини.

Премиерот беше прашан околу набавката на вакцини против коронавирусот во земјава, при што Заев одговори дека Македонија меѓу првите се вклучила во КОВАКС механизмот за набавка на вакцини, но, како што истакна секаде е истиот проблем – нема доволни количества на вакцини и поради тоа доцни испораката.

– Јас се надевам дека следната недела ќе имаме од вакцините на „Фајзер“, а понатаму и од другите вакцини, потенцираше премиерот.

Заев рече дека бројките со инфицириани со коронавирусот во земјава се стабилни и оти има над 60 отсто слободни места во болниците за лекување од опасниот коронавирус.

Околу набавката на вакцини од Кина и Русија, Заев истакна дека вакцинацијата не е некаква геостаратешка определба и потенцираше секој може да се обиде да нарача од каде сака.

Спонзорирано: