17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Светска Здравствена Организација/WHO.int / printscreen
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

РЕАКЦИЈАТА НА СЗО ЗАГРИЖУВАЧКА: Дали вакцините ќе бидат ефикасни против новите видови на корона?

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, денес изјави дека појавата на нови видови на КОВИД-19 покрена прашања дали постојните вакцини ќе функционираат и против нив.

Тој рече дека има загрижувачка вест дека постојните вакцини би можеле да бидат помалку ефикасни против видот откриен во Јужна Африка.

Тедрос на брифингот рече дека одлуката на Јужна Африка да ја прекине кампањата за вакцинација со вакцината на „АстраЗенека“ е потсетување дека мора да сториме сè за да ја намалиме циркулацијата на вирусот со докажани мерки за јавно здравје.

Тој ги повика производителите да бидат подготвени брзо да ги прилагодат своите вакцини за да бидат ефикасни.