8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТИЗБОР

Јужноафриканскиот коронавирус може да претставува глобален ризик

Нови варијанти на коронавирус предизвикуваат загриженост за вакцините, вели турски експерт.

Новата варијанта на коронавирус, идентификувана во Јужна Африка, може да претставува глобален ризик доколку не се спречи нејзиното ширење, вели Д-р Мехмет Саит Бугдаци, специјалист по интерна медицина, за „Anadolu Agency“.

Тој изјави дека поради можноста за намалување на ефикасноста на вакцината во теорија, варијантите на ковид-19 во Велика Британија и Јужна Африка треба да бидат внимателно анализирани.

„Исто така е исклучително важно да се ограничи ширењето на мутацијата на вирусот. Варијантата на коронавирус во Јужна Африка носи глобален ризик, ако не се спречи неговото ширење“, забележа тој.

„Мутации на „SARS“ (тежок акутен респираторен синдром) и „MERS“ (респираторен синдром на Блискиот исток) на крајот резултираа со исчезнување на вирусите и губење на нивната способност за инфекција, додека мутациите на коронавирусот го продолжуваат времетраењето на болеста и го прават уште позаразен поради шилестиот протеин – дел од вирусот кој ги напаѓа човечките клетки“, додава тој.

Д-р Мехмет вели дека африканската варијанта – наречена „501Y.V2“ пријавена во Јужна Африка на 18 декември 2020 година е различна од мутацијата во Велика Британија.

Спонзорирано: