27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТИЗБОР

Силен земјотрес во Индонезија, медиумите јавуваат за десетици загинати

Земјотрес со интензитет 6,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди индонезискиот остров Сулавези, при што загинаа најмалку 34 луѓе, а околу 600 се повредени.

Поради силниот земјотрес околу 2.000 луѓе од провинцијата Западно Сулавеси беа принудени да ги напуштат домовите.
Епицентарот на земјотресот бил на шест километри североисточно од градот Мајене, на длабочина од 10 километри.

Земјотресот предизвика лизгање на земјиштето, оштети мостови, домови, а во прекин е и снабдувањето со електрична енергија.