Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спасовски: 2020 година помина со најмалку жртви поради редовните сообраќајни контроли

„Ние како врвен приоритет си ја поставивме контролата во сообраќајот. Непочитувањето на сообраќајните прописи беше причина преку низа контроли да го спуштиме бројот на прекршоци. Кога зборуваме за сообраќајот не можеме да го средиме само со репресивни мерки, мора и едукација, уште од деца да имаме сообраќајна култура, уште од мали да знаат дека има сообраќајни правила за утре кога ќе бидат возачи да им биде полесно. Статистиката покажува средување на сообраќајот во извесна мера, декември имаме за 23 проценти намалување на прекршоците во споредба со декември 2019 година. 2020 заврши со најмалку жртви историски гледано, имаме 115 жртви, а во изминатите години имавме над 170, 180 жртви. Со вакви резултати можеме да сме мотиварни и затоа соработуваме со Републичкиот совет за безбедноист во сообраќајот. Продолжуваме во континуитет со контроли во сообраќајот и во иднина.“- истакна Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи во интервјуто на МТВ.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од денешното ВМРО

C +