Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација/Pixabay
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СЗО во 2020 ѝ донира на Македонија медицинска опрема од милион долари

Светската здравствена организација во 2020 година во земјава донираше заштита опрема, лабораториски сетови и медицинска опрема во вредност од 1.049.902 милион долари за справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.

„Во делот на медицинска опрема преку Германскиот фонд за Ковид-19 се донирани респиратори и пулсоксиметри за ковид-центрите во земјава за да се овозможи адекватно лекување и третман на болните од корона. Сета донирана опрема е по стандардите за безбедност и квалитет на СЗО и е распределена во медицинските центри во земјава“, велат од МЗ.

Спонзорирано: