11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Црни бројки: 20 починати, меѓу кои и млади лица и 515 новозаразени од 1293 тестирани

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1293 тестирања, а регистрирани се 515 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-207, Куманово-33, Штип-33, Прилеп-25, Тетово-17, Велес-21, Битола-22, Охрид-3, Кавадарци-16, Гостивар-16, Струмица-17, Крива Паланка-8, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-21, Пробиштип-7, Демир Хисар-3, Пехчево-2, Берово-10, Виница-2, Делчево-11, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-18, Неготино-12.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1194 оздравени пациенти од: Скопје-508, Куманово-41, Дебар-9, Штип-50, Прилеп-80, Тетово-69, Струга-17, Велес-60, Битола-28, Охрид-37, Кавадарци-43, Гостивар-31, Гевгелија-19, Струмица-41, Крива Паланка-42, Радовиш-7, Кочани-30, Пробиштип-13, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Пехчево-3, Берово-5, Валандово-4, Виница-1, Делчево-1, Кратово-4, Свети Николе-13, Кичево-24, Ресен-4, Неготино-7.

Починати се 20 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 67 и 75г), двајца од Куманово (85 и 62г), еден пациент од Штип (53г), двајца од Прилеп (38 и 46г), двајца од Тетово (36 и 55г), еден од Битола (79г) и еден од Охрид (74г), двајца пациенти од Гостивар (69 и 58г), четири пациенти од Струмица (70, 63, 48 и 65г), еден од Крива Паланка (67г) и еден пациент од Крушево (54г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 40275, бројката на оздравени пациенти е 24229, на починати е 1156, а бројот на активни случаи изнесува 14890.

Направените 1293 теста се преку: ИЈЗ-542, ЦЈЗ Скопје-45, Авицена-0, Биотек-60, МАНУ -111, Жан Митрев (Филип Втори) -131, Систина со PCR метода -353, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-43, Инфективна клиника-7, ГАК-1, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, Здравствен дом Скопје (рапид тест) -0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 272.892 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника примен е 1 пациент. Вкупно се хоспитализирани 158 пациенти. На кислородна поддршка се 132 пациенти.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 позитивни и 3 деца суспектни на Ковид-19 и 30 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 54 пациенти, на клиниката за неврологија 18 пациенти, на кожната клиника 12 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 72, а во болницата во Штип се 60 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 501 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Спонзорирано: