17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Короната се разгорува во регионот: Најлошо во Хрватска и Словенија, воведени нови мерки

Бројот на лица заразени со коронавирус е зголемен во сите земји во регионот.

Од ден на ден се бележат рекордни бројки на новозаболени лица, кои се над 1400 во Словенија и Хрватска.

илустрација/Pixabay

Денес, Србија, исто така, постави неславен рекорд со 512 случаи.

Словенија постави нов рекорд, со 1.503 случаи на коронавирус.

Воведени се нови ограничувања во Словенија. Покрај ноќните клубови, на кои не им е дозволено да работат од почетокот на епидемијата во пролетта, таа е проширена и во киносалите и културните институции, со исклучок на галерии, музеи, архиви и библиотеки.

Во вторникот беше воведен и полициски час во траење од 21 до 6 часот наутро.

Претходниот ден, во Хрватска беа регистрирани 1.424 нови случаи на инфекција со коронавирус, а 11 лица починаа. Во моментот има 6.459 активни случаи во таа земја.

Pixabay

Мерките не се исти за сите општини и зависат од бројот на регистрирани случаи на инфекција.

Денес, Босна и Херцеговина пријави дури 922 нови случаи на инфекција, како и 14 смртни случаи. Во моментов се активни 5.021 случај.

Во последните 24 часа, уште 641 лице се разболе од коронавирус во Македонија, додека 12 пациенти починаа.

Во моментов има 6.069 активни случаи, од кои 2.983 се во Скопје.

фото Centar.mk

Црна Гора регистрирала најмалку случаи во регионот – 177, а три лица починале.

Во општините Шабjак, Цетиње, Будва, Улцињ, Колашин и Бјело Поjeе, во сила се ограничувања од забраната за излегување, затворање или ограничување на работата на угостителските објекти, префрлање на ученици на часови преку Интернет, до забрана за домашни посети.

Во Албанија се регистрирани уште 301 случај, а четворица пациенти починале. Во моментов, 6.968 случаи се активни во таа земја, претежно во Тирана, Драч и Скадар.

Во Бугарија повторно беше поставен рекорд со 1.336 нови случаи, 312 повеќе од претходниот ден, а беа тестирани дури 11.505 лица. Најмногу заразени биле регистрирани во Софија.