20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМА

Обновено: Волонтерот што починал, не ја ни примил вакцината, туку само учествувал во програмата за развој на вакцина против ковид 19

Бразилските здравствени служби денеска соопштија дека починал волонтер кој учествувал во програмата за развој на вакцини на британско-шведската компанија Астра Зенека и Универзитетот Оксфорд.

Бразилскиот здравствен регулатор Анвис објави дека развојот на вакцината ќе продолжи и покрај смртта на волонтерот. Анвиса не соопшти други детали за причините за неговата смрт. Федералниот Универзитет во Сао Паоло ја потврди смртта на волонтерот во посебно соопштение, во кое се наведува дека станува збор за бразилски државјанин.

 

Тестирањата продолжуваат, откако е потврдено дека починатиот воопшто не ја примил вакцината, иако учествувал во програмата

Тестирањето на можна вакцина против ковид-19 што ја развиваат „АстроЗенека“ и Универзитетот Оксфорд ќе продолжи откако беше испитана смрт на еден волонтер во Бразил. Тамошните здравствени власти не излегоа со детали за смртта на волонтерот, повикувајќи се на протоколите за доверливост, но Оксфорд соопшти дека „внимателна проценка“ покажала дека нема безбедносни грижи.

Би-Би-Си објави дека починатиот волонтер не ја ни примил вакцината што се тестира.

Само половина од учесниците во тестирањето ја примаат вакцината, додека останатите добиваат постоечка одобрена вакцина против менингитис. Ниту волонтерите, ниту нивните семејства знаат која од вакцините тие ја добиваат, што им овозможува на истражувачите да ги споредат резултатите на двете групи, со цел да добијат информации дали вакцината е ефективна.

„Можеме да потврдиме дека сите барани процеси на испитување биле испочитувани. Истражувачите, независна комисија за набљудување на безбедноста и регулаторните власти заклучија дека е безбедно истражувањето да продолжи“, соопшти „АстроЗенека“.

Бразилските медиуми објавија дека 28-годишниот лекар всушност починал од компликации од ковид-19.

Спонзорирано: