17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Во Австрија двојно зголемен бројот на новозаразени за една недела

Во Австрија бројот на новозаразени со коронавирус останува на високо ниво, а во изминатите 24 часа се регистрирани 1.524 нови случаи.

Ова беше утврдено врз основа на 19.469 спроведени тестови.

Во споредба со минатата недела, тоа е раст од околу 50 проценти.

Најголем број новозаразени има во Виена, 333.

Потоа следува Тирол со 292 новозаразени, а потоа Горна Австрија со 243.

Во моментов, во Австрија има 15.471 активен пациент, од кои 889 се хоспитализирани, што е за 90 повеќе од вчера, додека бројот на пациенти на интензивна нега е непроменет, 145.

Во изминатите 24 часа починале 10 лица, така што вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми на 914.

Од почетокот на епидемијата на коронавирус во Австрија, на крајот на февруари, вкупно 67.792 лица биле позитивно тестирани за коронавирус, а 51.407 биле излекувани.

Спонзорирано: