13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владата носи одлука за нови рестриктивни мерки: Сѐ ќе се затвори по 23 часот, ќе се работи онлајн и во две смени

Во вторник на Владина седница ќе се најдат дополнувањата на предлозите за рестриктивни мерки поради коронавирусот, кои во понеделникот беа тема на состанокот на Комисијата за заразни болести.

Како што веќе објавивме, најстрогата мерка ќе биде затворањето на сите економски субјекти по 23 часот.

Ќе биде донесена мерка и за намален капацитет за 50 отсто во јавниот превоз, но и администрацијата да работи онлајн или во две смени.

Овие одлуки ќе бидат донесени на денешната владина седница, а истовремено на брза лента во Парламентот треба да бидат озаконети претходниот сет мерки, со кои ќе биде забрането групирање на повеќе од четири лица по 22 часот, задолжителното носење на заштитна маска на отворено, забраната за групирање, забрана на загрупирање на повеќе од 4 лица во домови, забрана за организирање на слави, прослави и родендени…

Ваквите мерки доаѓаат по рекордниот број на новозаразени во изминатата седмица на ниво на целата земја.

Во понеделникот министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција соопшти дека доколку овие мерки не дадат резултат, ќе се размислува за враќање на полицискиот час.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Ковачевски: Со 250 милиони евра од само пет проекти, Владата ги поддржува општините

M T

Ковачевски: Владата ќе се погрижи, како и од првиот ден граѓаните да имаат парно оваа зима

M T

Грковска: Владата презема значајни чекори за отворање на институциите, транспарентноста е важен предуслов за развој и добро владеење

M T

Чешката влада со одлука да ги ограничи цените на струјата и гасот за да ги заштити домаќинствата од раст на цените

M T

Владата ќе ја одржи 79-та седница

M T