24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Пашинјан: Се соочуваме со нов геноцид врз Ерменците

Премиерот на Ерменија, Никола Пашинјан, денеска изјави дека акциите на Турција и Азербејџан изгледаат како терористички напад врз Нагорно Карабах и дека тоа е продолжение на геноцидот врз Ерменците.

„Се соочуваме со азербејџанско-турски меѓународен терористички напад“, рече Пашинјан за „Скај њуз“, додавајќи дека за него нема сомнеж дека тоа е политика на континуитет на геноцид врз Ерменците и политика на повторно воспоставување на турската империја“, додаде тој.

Тој потсети на убиството на 1,5 милион Ерменци од страна на Отоманската Империја од 1915 до 1923 година, пренесува „Ројтерс“.

Спонзорирано: