10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Жаклина Пешевска избрана за претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ

ИК на ВМРО-ДПМНЕ вчера имаше своја редовна седница на која беше разгледана актуелната политичка ситуација во Македонија, но и општата закана по здравјето на граѓаните од коронавирусот, која е причинета поради неспособноста на Заев и Филипче да менаџираат, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнително ИК констатираше и дека Заев не води сметка за економската состојба на среден и долг рок. И преку константното задолжување, прво ги крши критериумите од Мастрихт, а следствено и ја загрозува ликвидноста и солвентноста на системот.

На седницата на ИК беа донесени и неколку кадровски одлуки. За претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ беше избрана Жаклина Пешевска.

Пешевска е актуелен пратеник во Собранието. Доаѓа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба, а пред да биде избрана за претседател на Унијата на жени била член на ИК на Унијата на жени.

ИК донесе одлука и за распишување јавен повик за кандидирање на претседатели на следните ОК:
Старо Нагоричане;
Пехчево;
Пробиштип;
Ранковце;
Гевгелија;
Неготино;
Новаци;
Ресен;
Струга;
Кичево;
Центар Жупа;
Дебар;
Гостивар;
Теарце;
Брвеница;
Боговиње;
Битола.

Процесот на внатрешно реструктурирање и реформи ќе продолжи и во наредниот период, со цел јакнење на партиските капацитети“, наведуваат од партијата.

Спонзорирано: