12 C
Скопје
22. април 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar Македонија ТОП ВЕСТИ

Заев: Европската комисија денеска ги објави двата исклучително важни документи за европската агенда на Северна Македонија

Европската комисија денеска ги објави двата исклучително важни документи за европската агенда на Северна Македонија: Годишниот пакет за проширување кој го вклучува годишниот Извештај за процесот на пристапување на земјата во ЕУ, како и Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан, напиша премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

– Годинешните пакети на Европската комисија имаат посебно значење бидејќи се објавуваат во амбиент на зајакнато внимание на процесот на проширување помеѓу земјите-членки, во време на тековните дискусии за преговарачката рамка за Северна Македонија и конечно, во период кога го очекуваме одржување на првата меѓувладина конференција меѓу нашата земја и ЕУ до крајот на годинава во рамки на Германското претседателство со ЕУ.

Радува што во извештајот за Северна Македонија е констатирано дека содржинскиот дијалог на нашата Влада со Европската комисија се наоѓа на многу повисоко ниво. Се наведува дека Северна Македонија во голем број области постигнува високо ниво на усогласеност со европското законодавство и се препорачува имплементација и испорака на уште поголеми резултати.

Посебно се издвојуваат наодите во областите на фундаментални вредности, избори, владеење на правото, судството и борбата против корупцијата, од кои може да се заклучи дека земјата е на добар пат и треба да продолжи со имплементацијата на веќе донесените закони и постоечки механизми.

Финансиската поткрепа од 9 милијарди евра преку ИПА, во комбинирана форма на грантови и поволни заеми за да се поддржи економската конвергенција на Западен Балкан со Европската Унија, ќе испрати силна порака за поддршка на европската перспектива на регионот и за комплементарноста на реформските процеси со забрзаниот економски развој, соопшти премиерот Зоран Заев.

Можеби ќе ве интересира

(ВО ЖИВО) Се заоструваат рестриктивните мерки – Обраќање на премиерот Зоран Заев, министерот Венко Филипче, д-р Жарко Караџовски…

CENTAR MKD

(Видео) Над 100 деца во домовите низ државата добија новогодишни подароци од Владата

CENTAR MKD

Заев: Гестот на Грција, Бугарија и Полска со вакцините не е милостина, туку е пријателски подадена рака

CENTAR MKD