Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Николовски: Правдата економијата и борбата против корупцијата се главните столбови на Владата

Ниту Зоран Заев, ниту Љупчо Николовски не се виновни што институциите не биле виспоставени во изминатите 30 години, на највисоки стандарди и вредности, истакна вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, во емисијата „Само интервју“ на Канал5.

Правдата, економијата и борбата против корпуцијата се главните столбови на Владата, тоа е мисијата, целта и визијата на целокупната работа на владата, која што е свртена кон работа дома и која што има обврска да ја врати довербата и кај младите и кај граѓаните, дека навистина сме решени да правиме држава, земја со сите стандарди особено во процесот на преговарање со европската унија и тука никој нема оправдување, дека сега со нешто друго ќе се занимаваме, а не со внатрешните проблеми и ќе имаме оправдување, порача Николовски.

спонзорирано: