Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Николовски: Мнозинството во Парламентот ќе се окрупнува

Ова мнозинство и договорот што е постигнат е темел на она што треба да го одработиме во наредниот 4 годишен мандат и сметам дека мнозинството ќе се окрупнува и дека за клучни политики ќе имаме поддршка од плус пратеници, истакна вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, во емисијата „Само интервју“ на Канал5.

Јас убеден дека времето е кратко и мора да го искористиме, и она што сме го ветиме во изборната кампања и она што сме го фузирале во програмата е темел и за сите други што би можеле да се приклучат, а има луѓе, капацитетни и во ВМРО-ДПМНЕ, жално е што не се на клучните позиции, но Мицкоски не може да контролира се во партијата и се гледа дека е така.

Секако како и досега со пратеници ќе разговараме и за гласање на клучни закони, стратешките цели на државата и секако имаме стабилно мнозинство, нагласи Николовски.

Сметам дека кај неколку пратеници има целосно разбирање во позицијата дека даваат поддршка на овој евроатлантски пат на оваа влада, граѓаните на 15 јули одбраа да продолжи патот на интергација во Европската унија, а кажаа „не“ на националистичките политика на враќањето назад и на ова дефокусирање на ВМРО-ДПМНЕ, за што тие ја платија цената на изборите. Немаа јасен став за ниту едно клучно прашање, ни за НАТО, ни за ЕУ, ни за договорите со соседите и за крупните одлуки и навистина не знам како ќе се правдаат сега и пред граѓаните и пред сите генерации за тоа што немаа чисти позиции, рече вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, во емисијата „Само интервју“ на Канал5.

спонзорирано: