9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Николовски: Граѓаните ни ја дадоа поддршката – продолжуваме по евроатланскиот пат

Вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, во емисијата „Само интервју“ на Канал5, изрази задоволство од резултатот на изборите на кои СДСМ по 18 години освои победа на било кои парламентарни избори, а прв пат победи од позиција на власт.  

„На слободни фер и демократски озбори, граѓаните ни ја дадоа поддршката и го трасираа патот дека продолжуваме по евроатланскиот пат, ги поздравија одлуките по овие исклучително тешки околности по приемот во НАТО, почеток на преговорите со Европската унија, нагласи Николовски.

Победата, довербата и одговорноста ја добивме од граѓаните по носењето на  крупни историски одлуки, кои многу генерации на политичари одбегнуваа да ги носат, но се погоди оваа гарнитура, овие луѓе, кои храбро влегоа и ги донесоа одлуките, без оглед на рејтингот, на позициите, дали ќе продолжиме да ја партиципираме власта или не – тое се одлуки за иднината на сите генерации и сега треба да се свртиме кон внатрешните реформи, трансфомирање на системот и во овие години, во овој чист мандат секако дека ќе бидеме храбри, решителни, одлучни, бидејќи граѓаните еднаш ја даваат довербата и сметам дека не треба да ја изневериме, туку да ја оправдаме, порача Николовски.